Имаше еден човек по име Јован, испратен од Бога; тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината. Беше Вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓаше во светов. Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна. Дојде кај Своите, но Своите не Го примија. А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји; кои не по крв, ни по желба на телото, ни од похот машка, туку од Бога се родија. И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот. Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Ова е Тој за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, Тој е пред мене, бидејќи постоеше порано од мене!“ И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат; зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а благодатта и вистината произлегоа од Исус Христос. Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот – Тој Го објави.
И тоа е сведоштвото на Јован, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“ Тој призна и не одрече, туку објави: „Не сум јас Христос.“ И го прашаа: „Кој си, тогаш? Илија ли си ти?“ Одговори: „Не сум.“ „Пророк ли си?“ И одговори: „Не.“ А тие му рекоа: „Па кој си, за да можеме да им одговориме на оние што нѐ испратија; Што велиш за себеси?“ Тој рече: „Јас сум глас на оној што вика во пустината: израмнете го Господовиот пат, како што вели пророкот Исаија.“ А испратените беа од фарисеите; и го запрашаа велејќи: „Зошто тогаш крштаваш, кога не си Христос, ни Илија, ниту пророк?“ Јован им одговори и рече: „Јас крштавам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате. Тој е Оној што иде по мене, Кој беше пред мене, и Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.“ Ова се случи во Витанија, отаде Јордан, каде што крштаваше Јован.
На другиот ден Го виде Јован Исус како доаѓа кај него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! Овој е, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред мене беше, бидејќи постоеше пред мене. Јас не Го познавав, но дојдов да крштавам со вода, за Тој да му биде објавен на Израел.“ И сведочеше Јован, велејќи: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него.