Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 1:35-51

Јован 1:35-51 MK2006

А на другиот ден, пак, стоеше Јован и двајца од неговите ученици. И штом Го виде Исус како оди, ре­че: „Еве Го Јагнето Божјо!“ Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исус. А Исус, кога се сврте и виде дека одат по Него, им рече: „Што барате?“ Тие Му одговорија: „Рави (што значи – Учителе), каде живееш?“ Им рече: „Дојдете и видете!“ Тие отидоа и видоа каде живее и останаа тој ден кај Него. Беше околу десеттиот час. А еден од двајцата, што беа чуле за Исус и беа тргнале по Него, беше Андреј братот на Симон Петар. Тој прво го најде брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи: Христос.“ И го одведе кај Исус. А Исус го погледна и му рече: „Ти си Симон, си­нот на Јован; ти ќе се наречеш Кифа, што значи: Петар.“ На другиот ден Исус намисли да отиде во Галилеја и го најде Филип, па му рече: „Тргни по Мене!“ И Филип беше од Витсаида, од градот на Андреј и Петар. Филип го најде Натанаил и му рече: „Го најдовме Исус, синот Јосифов од Назарет, за Кого пишуваше Мојсеј во Законот и Пророците!“ А Натанаил му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ Филип му одговори: „Дојди и види!“ Исус, пак, кога го виде Натанаил како доаѓа кај Него, рече: „Еве вистински Израелец, во кого нема лукавство!“ Натанаил Му рече: „Од каде ме поз­наваш?“ Исус му одговори и рече: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.“ Му одговори Натанаил и рече: „Ра­ви! Ти си Син Божји, Ти си Царот на Израел!“ А Исус, одговарајќи, му кажа: „Да­ли веруваш, бидејќи ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш повеќе од ова.“ И пак рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото от­во­рено и ангелите Божји како се иска­чу­ваат и слегуваат над Синот Човечки.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност