Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 1:35-42

Јован 1:35-42 MK2006

А на другиот ден, пак, стоеше Јован и двајца од неговите ученици. И штом Го виде Исус како оди, ре­че: „Еве Го Јагнето Божјо!“ Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исус. А Исус, кога се сврте и виде дека одат по Него, им рече: „Што барате?“ Тие Му одговорија: „Рави (што значи – Учителе), каде живееш?“ Им рече: „Дојдете и видете!“ Тие отидоа и видоа каде живее и останаа тој ден кај Него. Беше околу десеттиот час. А еден од двајцата, што беа чуле за Исус и беа тргнале по Него, беше Андреј братот на Симон Петар. Тој прво го најде брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи: Христос.“ И го одведе кај Исус. А Исус го погледна и му рече: „Ти си Симон, си­нот на Јован; ти ќе се наречеш Кифа, што значи: Петар.“