А на другиот ден, пак, стоеше Јован и двајца од неговите ученици. И штом Го виде Исус како оди, рече: „Еве Го Јагнето Божјо!“ Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исус. А Исус, кога се сврте и виде дека одат по Него, им рече: „Што барате?“ Тие Му одговорија: „Рави (што значи – Учителе), каде живееш?“ Им рече: „Дојдете и видете!“ Тие отидоа и видоа каде живее и останаа тој ден кај Него. Беше околу десеттиот час. А еден од двајцата, што беа чуле за Исус и беа тргнале по Него, беше Андреј братот на Симон Петар. Тој прво го најде брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи: Христос.“
Прочитај Јован 1
Слушај Јован 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 1:35-41
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа