Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 1:19-34

Јован 1:19-34 MK2006

И тоа е сведоштвото на Јован, кога Јудејците испратија од Ерусалим свеш­теници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“ Тој призна и не одрече, туку објави: „Не сум јас Христос.“ И го прашаа: „Кој си, тогаш? Илија ли си ти?“ Одговори: „Не сум.“ „Про­рок ли си?“ И одговори: „Не.“ А тие му рекоа: „Па кој си, за да мо­жеме да им одговориме на оние што нѐ испратија; Што велиш за себеси?“ Тој рече: „Јас сум глас на оној што вика во пустината: израмнете го Гос­по­довиот пат, како што вели пророкот Исаија.“ А испратените беа од фарисеите; и го запрашаа велејќи: „Зошто тогаш крштаваш, кога не си Христос, ни Илија, ниту пророк?“ Јован им одговори и рече: „Јас крш­тавам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате. Тој е Оној што иде по мене, Кој бе­ше пред мене, и Кому јас не сум досто­ен да Му ги одврзам ремењата од обув­ките Негови.“ Ова се случи во Витанија, отаде Јордан, каде што крштаваше Јован. На другиот ден Го виде Јован Исус како доаѓа кај него и рече: „Еве Го Јаг­нето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! Овој е, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред мене беше, бидејќи пос­тоеше пред мене. Јас не Го познавав, но дојдов да крштавам со вода, за Тој да му биде објавен на Израел.“ И сведочеше Јован, велејќи: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него. Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече: ‚Врз Кого ќе видиш дека слегува Духот и дека останува над Него, Тој е Оној што ќе крштава со Дух Свети.‘ И јас видов и посведочив дека Овој е Божјиот Син.“