Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 7:1-11

Еремија 7:1-11 MK2006

Слово, што му дојде на Еремија од Господ: „Застани кај вратата на домот Гос­подов и објави го таму ова слово и кажи: чујте го словото Господово, сите Јудејци, што влегувате низ таа врата да Му се поклонувате на Господ. Така вели Господ Саваот, Бог Израелов: ‚исправете ги вашите патиш­та и вашите дела, и Јас ќе ве оставам да живеете на тоа место.‘ Не надевајте се на лажливи зборови: ‚ова е храмот Господов, храмот Госпо­дов, храмот Господов.‘ Но ако ги исправите наполно ваши­те патишта и вашите дела, ако верно извршувате правда меѓу човекот и ближниот негов, ако не угнетувате туѓинец, сирак и вдовица, не пролевате невина крв на тоа место и не тргнете по други богови за ваше зло, Јас ќе живеам со вас на ова место, во оваа земја, што им ја дадов на предците ваши од века до века. Ете, вие се надевате на лажливи зборови, кои нема да ви донесат полза. Вие крадете и убивате, вршите прељуба и се колнете криво, му кадите на Ваал и одите по други богови, кои не ги познавате, и потоа доаѓате и се исправате пред лицето Мое во овој дом, над кој е повикано името Мое, и велите: ‚спасени сме‘, за да ги вршите сите тие гадотии и понатаму. Не се претвори ли овој дом во вашите очи во разбојничко гнездо, над кој е повикано името Мое? Ете, Јас го видов тоа, вели Господ.