Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 33:10-16

Еремија 33:10-16 MK2006

Така вели Господ: на ова место за кое вие велите – „Тоа е пусто, без луѓе и без добиток“, во јудејските градови и во ерусалимските улици, кои се пусти, без луѓе, без жители, без добиток, пак ќе се слуша глас од радост и глас од веселба, глас на младоженец и глас на невеста, глас на оние што велат: „Славете Го Господ Саваот, зашто е благ Господ, зашто милоста Негова е вечна“, и глас на оние што принесуваат благодарствена жртва во домот Госпо­дов; бидејќи Јас ќе ги вратам заробе­ните од оваа земја во нивната поранеш­на состојба, вели Господ. Така вели Господ Саваот: во ова место, кое е пусто – без луѓе, без доби­ток, и во сите негови градови пак ќе има живеалишта на пастири, што ќе ги доведуваат стадата свои на одмор. Во планинските градови, во градо­вите по полето и во јужните градови, во земјата на Венијамин, во ерусалимските предградија и во градовите Јудини пак ќе врват стада под раката на оној што ќе ги пребројува, вели Господ. Еве настапуваат дни, вели Господ, кога ќе го исполнам ова добро слово, што го изреков за домот Израелов и за домот на Јуда. Во тие дни и во тоа време ќе благословам на Давид да му израсте фиданка на правдата, и Тој ќе изврши суд и правда на земјата. Во тие дни Јуда ќе биде спасен, и Ерусалим ќе живее безопасно и ќе Му стават име: „Господ е наша правда!“