Зашто синовите Израелови и синовите Јудини уште од младоста своја само зло вршеа пред очите Мои; синовите Израелови Ме разгневуваа со делата на рацете свои, вели Господ. И како само заради Мојот гнев и заради Мојата јарост да постоеше овој град од денот на неговото основање па сѐ до денес, за да го отфрлам од лицето Свое, за сето зло на синовите Израелови и на синовите Јудини, кои, за да Ме разгневуваат, го правеа тие – царевите нивни, кнезовите нивни, свештениците нивни, пророците нивни, луѓето на Јуда и жителите на Ерусалим. Па Ми го свртеа грбот, наместо лицето и, кога ги учев, ги учев од рано утро, но тие не сакаа да примаат поука, и во домот, во кој се призива името Мое, ги поставија своите гнасни работи и го осквернија. Во долината на Хиномовите синови изградија паганско светилиште на Ваал, за да ги преведуваат низ оган синовите свои и ќерките свои во чест на Молох, што не сум им заповедал, и на ум не ми идело дека тие ќе ги вршат тие гнасни работи, воведувајќи го Јуда во грев.
Прочитај Еремија 32
Сподели
Спореди ги сите верзии: Еремија 32:30-35
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа