Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 32:20-24

Еремија 32:20-24 MK2006

Кој изврши чудеса и покажа знаци во земјата египетска, а извршуваш и до денес во Израел и меѓу сите луѓе, и си создаде име, како во оној ден, па го изведе Твојот народ Израел од земјата египетска со знаци и чудеса, со силна рака и крената десница и со го­лем страв. И им ја даде оваа земја, која со клетва им ја беше ветил на предците нивни дека ќе им ја дадеш, земја, каде што тече мед и млеко. Тие влегоа и ја присвоија, но не го слушаа гласот Твој и не одеа по законот Твој, не вршеа што им беше заповедал Ти да прават, па поради тоа Ти го ис­прати врз нив сево ова зло. Еве, насипите дојдоа до градот, за да го преземат; и од меч, глад и помор градот ќе се предаде во рацете на Хал­дејците, кои се борат против него; сѐ што рече Ти, се исполнува, и, еве, Ти го гледаш тоа.