Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 25:8-14

Еремија 25:8-14 MK2006

Затоа, така вели Господ Саваот: по­ради тоа што не ги послушавте зборо­вите Мои, еве, Јас ќе пратам и ќе ги земам сите северни племиња, вели Господ, и ќе испратам до вавилонскиот цар Навухо­доносор, Мојот слуга, и ќе ги доведам против оваа земја и против жителите нејзини и против сите соседни народи; и наполно ќе ги истребам и ќе ги напра­вам за ужас, за потсмев и за вечна пус­тош. И ќе ги прекратам во нив гласот на радоста и гласот на веселбата, гласот на младоженецот и гласот на невестата, звукот од воденичниот камен и светлината од светилото. И целата таа земја ќе стане пустина и ужас; и тие народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години. А кога ќе се исполнат седумдесетте години, ќе го казнам вавилонскиот цар и оној народ, вели Господ, за нивното беззаконие, и земјата Халдејска ќе ја направам вечна пустина. И ќе ги исполнам над таа земја сите Мои зборови, што ги реков против неа, сѐ што е напишано во оваа книга, што Еремија пророчки го кажа против тие народи. Зашто и нив ќе ги поробат многу­бројните народи и големи цареви. И Јас ќе им платам според нивните постапки и според делата на рацете нивни.