Тие ви велеа: „Отклонете се секој од својот лош пат и од своите лоши дела и живејте во земјата, која Господ ви ја даде вам и на вашите татковци од векот довека; и не одете по други богови, за да им служите и да им се поклонувате, и не разгневувајте Ме со делата на рацете свои, па нема да ви направам зло.“ Но вие не Ме послушавте, вели Господ, и Ме разгневувавте со делата на рацете свои, за свое зло.
Прочитај Еремија 25
Сподели
Спореди ги сите верзии: Еремија 25:5-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа