Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 17:5-10

Еремија 17:5-10 MK2006

Така вели Господ: проклет да е чо­векот кој се надева на човек и кој телото го смета за своја крепост и чие срце се одвраќа од Господ. Тој ќе биде како троскот во пустина и нема да види кога ќе дојде доброто, па ќе се насели во топли пустински места, во земја солена и непогодна за живее­ње. Благословен е човекот кој се надева на Господ, и кому надежта Му е Господ. Затоа што тој ќе биде како дрво посадено крај води, што ги пушта корењата свои покрај потокот; тоа не стра­вува кога настанува припек; лисјата му се зелени, и во време на суша не се пла­ши и не престанува да дава плод. Лукаво е човечкото срце повеќе од сѐ и е наполно расипано; кој ќе го раз­бере? Јас, Господ, проникнувам во срцето и ја испитувам внатрешноста, за да му дадам на секого според патот негов и според плодовите на делата негови.