Тој ја создаде земјата со силата Своја, ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата. Од гласот Негов шумат водите небески, и Тој ги крева облаците од краиштата земни, создава молскавици среде дожд и изведува ветар од Неговото пребивалиште. Човекот е безумен во своето знаење, ќе се засрами секој леар со идолот свој, бидејќи она што го излеал е лага, и во него нема дух. Тие се ништожни, дела на заблуда; во времето на посетата нивна тие ќе пропаднат. Делот на Јаков не е како нивниот; бидејќи неговиот Бог е создател на сѐ, а Израел е народ на неговото наследство; името Му е Господ Саваот.
Прочитај Еремија 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: Еремија 10:12-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа