Гедеон имаше седумдесет сина, произлезени од бедрата негови, бидејќи имаше многу жени. А и наложницата негова, која живееше во Сихем, му роди син, и нему му даде име Авимелех. И умре Гедеон, синот Јоасов, во длабока старост, и беше погребан во гробот на таткото свој, Јоас, во Офра Авиезерова. Откако умре Гедеон, Израеловите синови пак почнаа да живеат во безбожие и да им се поклонуваат на Вааловци, поставувајќи го за свој бог Ваал-Берит. Израеловите синови не се сетија на Господ, својот Бог, Кој ги спасуваше од рацете на сите околни непријатели, и кон домот на Јероваал, односно на Гедеон, не покажаа благодарност за сите добрини што му ги направи тој на Израел.
Прочитај Судии 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Судии 8:30-35
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа