Во таа ноќ Господ му рече: „Земи го бикот од стадото на татко ти и вториот бик, седумгодишниот и разруши го жртвеникот на Ваал што е кај татко ти, и исечи ги дрвата што се кај него, и изгради Му како што треба жртвеник на твојот Господ Бог, на врвот од карпата, па земи го вториот бик и принеси го како жртва сепаленица врз дрвата што ќе ги исечеш.“ Гедеон зеде десет слуги свои и направи како што му рече Господ; но бидејќи се плашеше од домашните на својот татко и од градските жители, наместо дење, го направи тоа ноќе.
Прочитај Судии 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Судии 6:25-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа