Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 6:1-10

Судии 6:1-10 MK2006

А синовите Израелови сторија зло пред Господ, и Господ ги предаде во раката на Мидјаните за седум години. Раката на Мидјаните надвладеа над Израел, и Израеловите синови поради Мидјаните си правеа прибежишта во пештери и тврдини по горите. И кога ќе посееше нешто Израел, ќе дојдеше Мидјанец или Амаликиец или жител од исток, ќе нападнеше на него; и стоеше кај нив во шаторите, и ги уништуваше земните плодови дури до Газа, и не му оставаше за исхрана на Израел ни овца, ни вол, ни магаре. Зашто тие доаѓаа со добитокот свој и со шаторите свои, доаѓаа во големо множество – како скакулци; тие и камилите нивни број немаа, и одеа по земјата на Израел за да ја опусто­шу­ваат. Многу осиромаши тогаш Израел од Мидјаните, и повикаа синовите Израе­ло­ви кон Господ. А кога синовите Израелови повикаа кон Господ против Мидјаните, Господ испрати пророк кај Израе­ловите синови и Тој им рече: „Вака вели Господ, Бог Израелов – Јас ве изведов од Египет, ве изведов од домот на ропството; ве избавив од раката на Египќаните и од раката на сите ваши угнетувачи; ги истерав од пред вас, и ви ја дадов земјата нивна, и ви реков: Јас сум Господ, Бог ваш; не ги почитувајте боговите на Амореј­ците, во чија земја живеете.“