Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 4:14-21

Судии 4:14-21 MK2006

И Девора му рече на Варак: „Стани, бидејќи денес е денот, во кој Господ ќе го предаде Сисера во рацете твои; Сам Господ ќе тргне пред Тебе.“ И Варак слезе од гората Тавор, и по него – десет илјади мажи. Тогаш Господ го доведе во забуна Сисера и сите негови коли и целиот народ негов пред Вараковиот меч, и Сисера слезе од колата и избега пеш. Варак тргна да ги гони неговите коли и народот до Харошет-Гојим и целата војска на Сисера падна од остар меч, та не остана ниеден. А Сисера побегна пеш до шаторот на Јаел, жената на Кениецот Хевер, зашто меѓу хацорскиот цар Јавин и домот на Кениецот Хевер имаше мир. Тогаш излезе Јаел и му рече на Сисера: „Влези господаре мој, влези кај мене, не плаши се!“ Тој влезе кај неа во шаторот, и таа го покри со наметката. Сисера ѝ рече: „Дај ми малку вода да пијам, жеден сум.“ Таа одврза мев со млеко, му даде да пие и пак го покри. Сисера повторно ѝ рече: „Стој пред влезот на шаторот и ако некој дојде и те праша: ‚има ли некој тука?‘ а ти одго­вори – ‚нема‘.“ Јаел, Хеверовата жена, зеде еден колец од шаторот, зеде и чекан во раката своја, и отиде тивко кај него, та му го заби колецот во слепоочниците негови, така што тој допре до земјата; а тој уморен спиеше, – и умре.