Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 3:12-30

Судии 3:12-30 MK2006

Синовите Израелови почнаа пак да прават зло пред Господ, и Господ му даде сила на моавскиот цар Еглон против Израел, поради тоа што тие правеа зло пред Господ. Тој ги собра кај себе синовите Амонови и Амаликови, па тргна и го собори Израел, и го завладеа градот на палмите. И синовите Израелови му робуваа на моавскиот цар Еглон осумнаесет го­дини. Тогаш синовите Израелови пак по­викаа кон Господ, и Господ им го избра за спасител Аод, синот на Гера, од Венијаминовото племе, кој беше левак. И синовите Израелови испратија по него дарови до моавскиот цар Еглон. Аод си направи меч со две сечила, долг еден лакот, и го препаша под облеката своја на десното бедро, и однесе дарови на моавскиот цар Еглон, а Еглон беше многу дебел човек. Кога Аод ги принесе сите дарови и ги испрати луѓето што ги донесоа даровите, сам се врати откај идолите што се во Гилгал, и рече: „Царе, имам тајна порака за тебе.“ Тој рече: „Потивко!“ И излегоа сите што стоеја покрај него. Аод влезе кај него: тој седеше сам во летната горна соба. Тогаш Аод рече: „Имам Божја порака за тебе.“ Еглон стана од престолот. Тогаш Аод ја подаде својата лева рака, и го зеде мечот од десното бедро и го заби во неговиот стомак, така што сечилото влезе заедно со дршката, а салото го покри сечилото; бидејќи Аод не можеше да го извади мечот, од неговиот мев излегуваше нечистотија. Аод потоа излезе од собата, ја затвори вратата и ја заклучи. Откако излезе, слугите на Еглон дојдоа и видоа: ете, вратата на собата е заклучена, и си рекоа: сигурно тој е отиден по потреба до летната соба. Чекаа доста долго, но откако видоа дека никој не ја отвора вратата од собата, зедоа клуч и отклучија, а таму нив­ниот господар лежи на земјата мртов. Додека се чудеа, Аод избега, мина покрај идолите и се засолни во Сеира. А штом пристигна Аод затруби со труба во Ефремовата Планина, и слегоа со него синовите Израелови од гората, и тој тргна пред нив. И им рече: „Одете по мене, зашто Господ ги предаде непријателите ваши, Моавците, во ваши раце.“ И тргнаа по него, ги презедоа моавските премини на Јордан, и не пуштија никој да премине. Тогаш убија околу десет илјади Моавци, сѐ здрави и силни, и никој не избега. Така се смирија во оној ден Моав­ците пред Израел, и земјата беше спо­којна осумдесет години.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност