Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 3:1-11

Судии 3:1-11 MK2006

А ова се народите, кои Господ ги остави за да ги искушува со нив синовите на Израел, сите оние кои не знаеја за сите битки ханански. Само за да знаат и да се научат на војување подоцнежните поколенија на Израел, кои порано не знаеја за војна: пет филистејски војводства, сите Хананци, Сидонци и Евејци, кои живееја на планината Ливан од планината Ваал-Ермон до Емат. Тие беа оставени за да биде преку нив искушуван Израел, и да се дознае, дали се покоруваат на заповедите Господови, кои Тој ги беше заповедал на нивните предци преку Мојсеј. И живееја Израеловите синови меѓу Хананците, Хитијците, Аморејците, Пе­ри­зијците, Евејците и Јевусијците, и ги земаа ќерките нивни за жени, и им ги даваа ќерките свои на синовите нивни, и им служеа на нивните богови. Синовите Израелови извршија зло пред очите на Господ, и Го заборавија својот Господ Бог, и им служеа на Вааловци и на Ашери. Тогаш Господ се разгневи силно против Израел, и ги предаде во рацете на Кушан-Ришатаим, царот на Горни Арам, и синовите Израелови му робуваа на Кушан-Ришатаим осум години. Потоа синовите Израелови повикаа кон Господ, и Тој подигна за синовите Израелови спасител – Кеназовиот син Готониил, помалиот брат на Халев. Врз него беше Духот Господов, и тој беше судија на Израел. Тој објави војна против Кушан-Ришатаим, и Гос­под го предаде во рацете негови арамеј­скиот цар Кушан-Ришатаим и раката негова се зацврсти над Кушан-Ри­ша­таим. И земјата беше спокојна четириесет години, Потоа умре Готониил, синот на Кеназ.