Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 2:6-15

Судии 2:6-15 MK2006

Откако Исус го распушти народот, синовите Израелови заминаа секој во својот дел за да добие во наследство земја. Народот Му служеше на Господ во текот на сите денови на Исус и во текот на сите денови на старешините, кои го надживеаја Исус, и кои го беа виделе сето големо дело на Господ што Тој го направи за Израел. А кога умре Исус, синот Навинов, слуга Господов, на сто и десет години, го погребаа во пределите на него­виот дел што го наследи во Тим­нат-Херес, во Ефремовата Гора, на се­вер од планината Гааш; и кога целото поколение им се при­дружи на своите предци, и настана по нив друг род, кој не Го знаеше Гос­пода и делата Негови, какви што му беше направил на Израел, – тогаш Израеловите синови почнаа да прават зло пред Господ и да му слу­жат на Ваал; Го оставија Господа, Бог на тат­ковците нивни, Кој ги беше извел од земјата египетска, и се свртеа кон други богови, кон боговите на тамошните мес­та, и почнаа да им се поклонуваат, и Го разгневија Господа; Го оставија Господа и почнаа да им служат на Вааловци и на разни Ас­тарти. Тогаш Господ силно се разгневи против Израелците и ги предаде во рацете на грабачи, кои ги ограбуваа; и ги предаде во рацете на околните народи, и не можеа повеќе да одолеат пред непријателите свои. Насекаде, каде и да отидеа тие, ра­ката Господова беше против нив на зло, како што им беше говорел Господ и како што им се беше заколнал Господ. И тие беа на голема мака.