Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 16:23-31

Судии 16:23-31 MK2006

Филистејските кнезови се собраа, за да принесат голема жртва на Дагон, својот бог, и да се провеселат, па рекоа: „Нашиот бог го предаде во рацете наши нашиот непријател Самсон.“ Исто така и народот, откако виде, го прославуваше својот бог, велејќи: „Нашиот бог ни го предаде во рацете наши непријателот наш и пустошникот на земјата наша, кој порази многумина од нас.“ А кога се развесели срцето нивно, рекоа: „Повикајте го Самсон за да нѐ развесели.“ И го повикаа Самсон од затворот, и тој ги веселеше и го ставија меѓу два столба. И Самсон му рече на момчето што го водеше за рака: „Дозволи ми да ги напипам столбовите, врз кои се крепи домот, и да се потпрам на нив.“ А домот беше полн со мажи и жени: таму беа сите филистејски кнезови, и на покривот имаше до три илјади мажи и жени, кои гледаа во Самсон како ги веселеше. Повика Самсон кон Господ и рече: „Господи Боже, спомни си за мене и поддржи ме само сега, о Боже, за да им се одмаздам веднаш на Филистејците за двете очи мои.“ И ги помести Самсон од местото двата средни столба, врз кои се крепеше домот, откако налегна врз нив, на едниот со десната рака, а на другиот со левата. И Самсон рече: „Умри, душо моја, со Филистејците!“ И притисна со сета сила, и домот се урна врз кнезовите и врз сиот народ што беше со него. И умрените што тој ги уби при смртта своја, беа повеќе, отколку што беше умртвил во текот на целиот свој живот. И дојдоа браќата негови и целиот негов татков дом, го зедоа, па отидоа и го погребаа меѓу Цора и Ештаол, во гробот на татко му Маној. Тој беше судија над Израел дваесет години.