По него судија над Израел беше Есевон од Витлеем. Тој имаше триесет синови, а триесет ќерки од домот свој омажи, додека триесет ќерки зеде однадвор за синовите свои, и беше судија над Израел седум години. Есевон умре и беше погребан во Витлеем. По него судија над Израел стана Елон од племето Завулоново; тој управуваше со Израел десет години. Умре и Завулонецот Елон и го погребаа во Ајалон, во земјата Завулонова. По него беше судија над Израел Авдон, син на Хилел од Пиратон. Тој имаше четириесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет магариња; тој му судеше на Израел осум години. И умре Авдон, синот на Хилел од Пиратон, и беше погребан во родниот град, во земјата Ефремова, во гората Амаликова.
Прочитај Судии 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Судии 12:8-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа