Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 12:1-7

Судии 12:1-7 MK2006

Луѓето од Ефремовото племе се собраа, дојдоа во Цафон и му рекоа на Ефтај: „Зошто отиде да војуваш против Амонците, а нас не нѐ повика со себе? Ние ќе го изгориме со оган домот твој со тебе.“ Ефтај им рече: „Јас и народот мој имавме со Амонците силни караници; јас ве повикав, но вие не ме спасивте од рацете нивни. Откако увидов дека вие нема да ме спасите, го изложив животот на опасност и тргнав против Амонците, и Гос­под ги предаде во моите раце; зошто дојдовте сега да војувате против мене?“ Тогаш Ефтај ги собра сите галаад­ски жители и удри на Ефремците, и жителите галаадски ги испотепаа Еф­ремците, велејќи: „Вие сте бегалци Ефремови, а Галаад е помеѓу Ефрем и Манасија.“ И галаадчаните ги зазедоа јорданските премини од Ефремците, и кога некој од унесреќените Ефремци ќе речеше: „Дозволете ми да преминам“, жителите галаадски му велеа: „Нели си ти од Ефремовото племе?“ Тој ќе одговореше: „Не.“ Тие ќе му речеа: „Кажи шиболет“, а тој ќе рече: „Сиболет“, и не можеше никако правилно да го изговори. Тогаш тие го земаа и го заколуваа кај премините на Јордан. И во тоа време паднаа четириесет и две илјади луѓе од Ефре­мовото племе. Ефтај беше судија над Израел шест години, и умре Ефтај, и беше погребан во еден од галаадските градови.