Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 1:27-33

Судии 1:27-33 MK2006

И Манасија не ги избрка жителите на Бет-Шан и неговите села, ниту жителите на Таанах и неговите села, ниту жителите на Дор и неговите села, ниту жителите на Јивлеам и неговите села, ниту пак на Мегидо и неговите села. Но, Хананците и понатаму ос­танаа да живеат во оваа земја. Кога Израел стана силен, им наметна данок на Хананците, но не ги избрка. И Ефрем не ги истера Хананците кои живееја во Гезер; и Хананците жи­вееја меѓу нив во Гезер. И Завулон не ги избрка жителите на Китрон, ниту жителите на Нахалол, и Хананците живееја меѓу нив и им плаќаа данок. И Асир не ги избрка жителите на Ако, и ни жителите на Сидон и Ахлав, ни од Ахзив, Хелба, Афик ниту, пак, од Рехов. Се насели Асир меѓу Хананците, жителите на таа земја, бидејќи не мо­жеше да ги избрка. И Нефталим не ги избрка жите­лите на Ветсамис како ни жителите на Бет-Анат и живееше меѓу Хананците, жителите на таа земја; а жителите на Ветсамис и на Бет-Анат беа негови поданици.