Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 4:4-10

Јаков 4:4-10 MK2006

Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството со овој свет е непријателство на Бога? Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога. Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: „Со ревност го љуби духот што го вселил во нас.“ Но Тој дава поголема благодат; за­тоа е речено: „Бог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“ Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани! Бидете нажалени и плачете и липај­те: смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага! Понизете се пред Господ и ќе ве по­дигне!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност