Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 2:1-10

Јаков 2:1-10 MK2006

Браќа мои, држете ја непристрасно верата во Исус Христос, нашиот Господ на славата! Ако во вашето собрание влезе човек со златен прстен, во светли алишта, и влезе сиромав човек со проста облека, па се загледате на облечениот во светли алишта и му речете: „Ти седни овде убаво!“, а на сиромашниот му ре­чете: „Ти стој таму!“, или „Седни овде, крај подножјето мое!“, зарем со тоа не покажувате пристрасност, и не станувате судии со лоши помисли? Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог сиромашните од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството, ветено од Него на оние кои Го љубат? А вие го посрамивте сиромавиот! Не се ли богатите тие што ве мачат и ве влечат по судови? Не го хулат ли тие вашето добро име, со кое сте се нарекле? Ако, пак, го извршувате царскиот закон според Писмото: „Возљуби го ближниот како самиот себе“ – добро правите. Но, ако сте пристрасни, грев пра­ви­те; и Законот ве осудува како престапници. Зашто, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сѐ.