Ете, јас и децата што ми ги даде Господ, сме како белези и докази во Израел од Господ Саваот, Кој живее на гората Сион. И кога ќе ви речат: „Обратете се кон оние, што извикуваат мртовци, и кон маѓесници, кон бајачи и оние што говорат од стомак, тогаш одговарајте: не треба ли народот да се обрнува кон својот Бог? Се прашуваат ли мртви за живи?“ Допрашајте се до законот и откровението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина. Ќе скитаат тие по земјата, жестоко угнетувани и гладни; и во време на гладот ќе се лутат, ќе го навредуваат својот цар и својот Бог. И ќе се загледаат угоре, и ќе погледаат кон земјата; и ете – скрб и мрак, густа темнина; и ќе бидат фрлени во темнината.
Прочитај Исаија 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 8:18-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа