Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 7:1-17

Исаија 7:1-17 MK2006

Во дните на Ахаз – синот на Јотам, син Озиев, цар јудејски, – Рецин, ца­рот арамејски, и Факиј, синот Ремалиев, цар израелски, отидоа против Ерусалим да го завладеат, но не можеа да го преземат. Тогаш му беше соопштено на домот Давидов и речено: „Арамејци се сместија во земјата Ефремова. И му затрепери срцето на Ахаз и срцето на народот негов, како што од ветар се нишаат дрвјата.“ И му рече Господ на Исаија: „Из­лези ти и син ти Шеар-Јашув да го пречекаш Ахаз на крајот од горното езеро по патот кај нивата на вала­вичарот, и кажи му: Охрабри се и биди спо­коен; не плаши се, и да не се плаши срцето твое пред двата краја на тие гламји што чадат, од пламениот гнев на Рецин, на Арамејците и на синот Ремалиев. Арам, Ефрем и синот Ремалиев кројат против тебе зло, велејќи: ‚да одиме против Јудеја и да ја ис­плашиме, да ја завладееме и да го пос­тавиме за цар Тавеловиот син.‘ Но Господ Бог вели вака: Тоа нема да стане и нема да се изврши, зашто главата на Арам е Дамаск, а главата на Дамаск – Рецин; по шеесет и пет години Ефрем ќе престане да биде народ; глава на Ефрем е Самарија, а глава на Самарија – синот Ремалиев. Ако не верувате, нема да се одржите.“ И продолжи Господ да му говори на Ахаз и му рече: „Барај за себе знак од Господ, твојот Бог: барај или во длабочините или во височините.“ Но Ахаз рече: „Нема да барам и нема да Го искушувам Господа.“ Тогаш Исаија рече: „Слушајте, пак, доме Давидов! Зар ви е малку тоа што им дотежнувате на луѓето, па сакате да Му дотежнувате и на мојот Бог?“ Затоа Самиот Господ ќе ви даде доказ: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Има­нуел. Тој ќе се храни со млеко и мед, додека да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто. Зашто, пред детето да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто, оваа земја, од која ти се плашиш, ќе биде оставена од двајцата цареви. Но Господ ќе испрати врз тебе и врз народот твој и врз домот на татко ти, такви денови, какви што не доаѓале, откако Ефрем се оддели од Јуда – ќе го испрати асирскиот цар.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност