Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 64:2-7

Исаија 64:2-7 MK2006

Кога вршеше страшни дела, од нас неочекувани, и слегуваше, – гори се топеа од Твоето лице. Зашто од века не се чуло, до уво не допрело, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, Кој направил тол­ку многу за оние, кои на Него се надеваат. Ти милостиво го пресретнуваше се­кого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ќе бидеме спасени? Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда – како из­валкана облека; сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветар нѐ однесуваат. Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе: затоа Ти го сокри лицето Твое од нас и нѐ остави да ги­неме од беззаконијата наши. Но сега, Господи, Ти си наш Татко; ние сме глина, а Ти – наш грнчар, сите сме дело на Твоите раце.