Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 64:1-11

Исаија 64:1-11 MK2006

Како оган што растопува восок, како од оган што вода зоврива, така ќе го познаат името Твое непријателите и од Твоето лице ќе затрепе­рат народите. Кога вршеше страшни дела, од нас неочекувани, и слегуваше, – гори се топеа од Твоето лице. Зашто од века не се чуло, до уво не допрело, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, Кој направил тол­ку многу за оние, кои на Него се надеваат. Ти милостиво го пресретнуваше се­кого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ќе бидеме спасени? Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда – како из­валкана облека; сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветар нѐ однесуваат. Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе: затоа Ти го сокри лицето Твое од нас и нѐ остави да ги­неме од беззаконијата наши. Но сега, Господи, Ти си наш Татко; ние сме глина, а Ти – наш грнчар, сите сме дело на Твоите раце. Немој да се гневиш безмерно, Госпо­ди, и немој вечно да го помниш беззаконието. Но, погледај: сите сме Твој народ. Градовите на Твојата светиња ста­наа пустелија; пустина стана Сион; Ерусалим е опустошен. Домот на нашата светиња и на на­шата слава, каде што татковците наши Те прославуваа, од оган изгоре, а сите наши добра така пропаднаа. По сево ова, ќе се воздржуваш ли уште, Господи, ќе молчиш ли и ќе нѐ казнуваш ли без мерка?

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност