Во годината кога умре цар Озија, јас Го видов Господа, седнат на престолот висок и издигнат, а полите на облеката Негова го исполнија целиот храм. Околу Него стоеја серафими; секој од нив имаше по шест крилја: со две секој го криеше лицето свое, со две други ги криеше нозете свои, а со две леташе. И викаа еден кон друг и велеа: „Свет, свет, свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава!“ И се разниша горништето на вратите од гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим. И реков: „Тешко мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, – а очите мои Го видоа Царот, Господ Саваот!“ Тогаш долета до мене еден од серафимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жртвеникот, се допре до устата моја и ми рече: „Ете, тоа се допре до устата твоја – и твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очисти.“ И го чув гласот на Господ, Кој рече: „Кого да испратам и кој ќе отиде за нас?“ А јас реков: „Еве ме мене, испрати ме мене!“
Прочитај Исаија 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 6:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа