Разбуди се, разбуди се, стани, Ерусалиме, ти, кој од раката на Господ ја испи чашата на јароста Негова, до дното си ја испил и исушил чашата што опива. Меѓу сите синови, од него родени, нема кој да го води, и меѓу сите синови, од него одгледани, нема кој за рака да го придржи. Тебе те снајдоа две неволји, кој ќе те пожали? – Опустошување и истребување, глад и меч: кој ќе те утеши? Синовите твои изнемоштеа, лежат по аглите на сите улици, како срна во стапица, исполнети со гнев Господов, со заплашување од твојот Бог. И така, ислушај го ова ти, кој си страдалник и пијан, но не од вино. Вака вели Господ твој, Господ и Бог твој, Кој го брани Својот народ: „Ете, ја земам од раката твоја чашата што опива, од чашата на Мојата јарост ти веќе нема да пиеш. Ќе ја дадам во раката на твоите мачители, кои ти велеа: ‚Падни ничкум, за да минам по тебе‘; и ти го подметнуваше грбот свој како земја и како улица за минувачите.“