Тешко ви вам, кои прилепувате куќа кон куќа, кои присоединувате нива кон нива, така што за другите да не останува место, како да сте само вие населени на земјата! Во ушите мои – Господ Саваот рече: – тие многубројни домови ќе бидат пусти, тие големи и убави куќи ќе бидат без жители; десет ари лозје ќе дадат едно буре, а еден гомер посеано семе, одвај ќе донесе една ефа. Тешко им на оние, кои од рано утро бараат жесток пијалак и до доцна вечер се згорештуваат со вино; на нивните гоштавки има и харфа и лира, и тимпани, и свирка и вино; а кон делата на Господ тие и не погледнуваат, ниту помислуваат за делата на Неговите раце.
Прочитај Исаија 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 5:8-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа