Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 46:1-13

Исаија 46:1-13 MK2006

Падна Вил, се собори Нево; идолите им се врз добитокот и то­варните животни; вашиот товар стана бреме за уморените животни. Се навалија, паднаа одеднаш; не мо­жеа да ги спасат оние, што ги носеа, и сами паднаа во ропство. Послушај Ме, доме Јаковов и сиот остаток од домот Израелов, кого го но­сам од утробата, кого го држам од раѓа­њето; и до вашата старост Јас ќе бидам истиот, до вашите бели коси ќе ве но­сам; Јас ве создадов и ќе ве носам, ќе ве поддржам и ќе ве пазам. Со кого ќе Ме изедначите, и ќе Ме споредите? Кого ќе го земете за пример да прилега на Мене? Истураат злато од торбичката и премеруваат сребро на терезии, па најмуваат златар, за да направи од него бог, му се поклонуваат и ничкум паѓаат пред него; го креваат на рамо, го носат и го ставаат на местото негово; тој стои, од местото свое не се помрднува; му ви­каат, – тој не одговара, од неволја не спасува. Спомнете си го тоа и бидете луѓе; земете го тоа при срце, отстапници. Спомнете си за она што било порано, од крајот на векот; земете го тоа при срце, зашто Јас сум Бог и нема друг Бог и нема подобен на Мене. Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: „Мојата одлука ќе се изврши, и сѐ што Ми е угодно – ќе го направам.“ Јас го повикав орелот од исток, од далечна страна, исполнителот на Моја­та волја. Јас реков – и ќе го извршам тоа; замислив – и ќе го направам. Послушајте Ме, жестокосрдни, вие, кои сте далеку од правдата: Ја приближив Мојата правда – таа не е далеку, спасението од Мене нема да се забави; и ќе му дадам на Сион спа­сение, на Израел – Својата слава.