Така вели Господ, кој отвори во морето пат, по разбранувани води – патека. Кој изведе бојни коли и коњи, војска и сила; сите паднаа заедно за да не станат; угаснаа, како фитил согореа. Но вие не се сеќавате за поранешното и за некогашното не помислувате. Ете, Јас правам нешто ново; еве сега ќе се јави; зар и тоа не сакате да го знаете? Ќе направам пат низ степи, реки – преку пустина. Полските ѕверови ќе Ме прослават, чакали и ноеви, зашто ќе им дадам вода во пустината, реки – во суви степи, за да го појам Мојот избран народ. Народ што го создадов за Себе, за да ја разгласува славата Моја.
Прочитај Исаија 43
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 43:16-21
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа