Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 41:13-20

Исаија 41:13-20 MK2006

зашто Јас сум Господ, Бог твој; те држам за твојата десна рака, ти велам: „Не плаши се, Јас ти помагам.“ „Не плаши се, црву Јакове, малуброен Израеле, – Јас ти помагам, вели Господ, Јас твојот Искупител, Светецот Израелов.“ Ете, Јас ќе те направам остар ди­кел, нов, назабен; ти ќе ги кршиш и ќе ги ситниш планините, и ридовите ќе ги направиш како прав. Ти ќе ги вееш, ветрот ќе ги разнесе, и виорот ќе ги развее; а ти ќе се зарадуваш во Господ, ќе се фалиш со Све­тецот Израелов. Сиромаси и неимотни бараат вода, и нема, јазикот им се исушува од жед: Јас, Господ ќе ги чујам, Јас, Бог Изра­елов, нема да ги оставам. Ќе отворам реки на врвот од горите и извори среде долини; пустината ќе ја направам езеро и сувата земја – водни извори; ќе насадам во пустина кедар, ситим, мирта и маслинки, ќе насадам во степите кипарис, јавор и бука заедно, сите да видат и познаат, и да разгледаат и разберат дека раката Гос­подова го направи тоа, дека Светецот Израелов го создаде тоа.