Во тие денови Езекија се разболе смртно. И дојде кај него пророкот Исаија, синот Амоцов, и му рече: „Вака вели Господ: направи тестамент за домот свој, зашто ќе умреш, нема да оздравиш.“ Тогаш Езекија се сврте со лицето кон ѕидот и се помоли на Господ велејќи: „О, Господи! Сети се дека јас одев пред Твоето лице верно и со предано срце кон Тебе и вршев она што беше угодно пред Твоите очи.“ И силно заплака Езекија. И дојде словото Господово кон Исаија и му беше речено: „Оди, кажи му на Езекија: вака вели Господ, Бог на твојот предок Давид: ја чув твојата молитва, ги видов твоите солзи, и ете, додавам кон твоите дни уште петнаесет години, ќе те спасам тебе и овој град од раката на царот асирски. Да, ќе го зачувам тој град.
Прочитај Исаија 38
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 38:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа