Пристапете, народи; слушајте и внимавајте, племиња! Нека слуша земјата и сѐ што ја исполнува, вселената и сѐ што се раѓа во неа! Зашто гневот на Господ е врз сите народи, а јароста Негова врз целата нивна војска. Тој ќе ги уништи, ќе ги предаде на погибел. И нивните убиени ќе бидат расфрлани, и од труповите нивни ќе се крене смрдеа; по планините ќе потече нивна крв. И ќе излезе сета небесна војска, и небото ќе се свитка како книжен свиток; сета војска нивна ќе падне, како што паѓа лист од лоза, како свенат лист од смоква. Зашто мечот Мој се опи на небото: ете, за суд слегува тој над Едом, за да биде казнет народот што го проколнав. Мечот Господов ќе се насити со крв, ќе се намрси од маснотија, од јагнешка и козја крв, од маснотиите на овнешките бубрези: зашто Господ има жртва во Восор, и голем колеж во земјата едомска. И биволи ќе паднат со нив и телиња заедно со волови, земјата ќе се опие од крвта нивна, а правот нивни ќе се намрси од маснотија. Зашто настапи денот за одмазда Господова, годината на отплата за Сион.
Прочитај Исаија 34
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 34:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа