Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 30:19-26

Исаија 30:19-26 MK2006

Народе што живееш во Сион, во Ерусалим; ти нема уште долго да плачеш; Бог ќе те помилува, по гласот на твојот плач, и штом ќе го чуе, ќе ти одговори. И ќе ви даде Господ леб, кога сте во мака и вода по потреба; твојот Учител нема повеќе да се крие, очите твои ќе Го гледаат твојот Учител; ако свртите надесно, ако свртите налево, ушите ваши ќе го слушаат сло­вото, кое говори зад вас – ете го патот, врвете по него! Тогаш ќе ги сметаш за одвратност излиените од твое сребро идоли и опковани од твое злато кипови; ти ќе ги фрлиш како нечистотија; ќе им речеш – иставете се оттука. И Тој ќе даде дожд врз твоето семе, со кое ќе ги засееш нивите, и лебот, што го раѓа земјата, ќе биде изобилен и вкусен; стадата твои во тој ден ќе пасат по широки пасишта. Воловите и магарињата, што ги обработуваат нивните, ќе јадат посолена крма, исчистена со лопата и веалка. По секоја висока гора и по секој издигнат рид ќе потечат бразди, потоци вода, во денот на големиот пораз, кога ќе паднат кулите. И светлината на месечината ќе биде како светлина на сонцето, а светлината на сонцето ќе биде седумпати посветла, колку светлина на седум дена, во тој ден, кога Господ ќе ја преврзе раната на Својот народ и ќе ги излекува неговите рани.