Во тој ден ќе биде испеана во земјата Јудина оваа песна: „Градот ни е јак, место ѕидини и опкопи Бог ни даде спасение. Отворете ги портите; нека влезе праведниот народ, кој ја пази вистината. Цврстиот по дух Ти го пазиш во совршен мир, зашто на Тебе се надева. Надевајте се на Господ засекогаш, зашто Господ Бог е вечната тврдина; Тој ги собори оние, што живееја на високо; градот, што стоеше високо го собори, го кутна на земја, го фрли во прав. Нога го гази, нозете на сиромавиот, стапките на бедните.“
Прочитај Исаија 26
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 26:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа