И Господ Саваот ќе стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати и сочни јадења и најчисти вина; врз таа планина ќе ја уништи покривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња. Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ. И ќе речат во тој ден: „Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нѐ спаси! Тој е Господ; Него Го чекавме; да се радуваме и веселиме за спасението од Него! Зашто раката на Господ ќе почива врз таа планина, и Моав ќе биде прегазен на местото свое, како што се гази слама на буниште.“
Прочитај Исаија 25
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 25:6-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа