Ете, Господ ја опустошува земјата и ја прави неплодна; ја изобличува и ги распрснува оние што живеат на неа. Со свештеникот ќе стане исто што и со народот, – со слугата, – исто што и со господарот негов; со слугинката, исто што – и со господарката нејзина; со купувачот, исто што и со продавачот; со оној, кој ќе земе на заем, исто што, и со оној кој дава на заем; со оној, кој дава со интерес – исто што и со оној кој зема под интерес. Земјата ќе опустоши до крај и целата ќе биде ограбена, зашто Господ го изрече тоа слово. Тагува, нажалена е земјата; опаднала, тажна е вселената; небото пропаѓа заедно со Земјата. И земјата е осквернета под жителите свои, зашто тие ги прекршија законите, го изменија уставот, го нарушија вечниот завет. Затоа проклетство ја јаде земјата, а жителите нејзини трпат казна; затоа се намалени жителите земни, малку луѓе останаа.
Прочитај Исаија 24
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 24:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа