Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 11:1-9

Исаија 11:1-9 MK2006

И ќе потера фиданка од Јесеевата пењушка, и стебло ќе израсне од нејзиниот корен; ќе почива врз Него Дух Господов, дух на мудрост и разум, дух на совет и крепост, дух на знаење и богобојазли­вост; ќе се исполни со страв Господов, ќе суди, не според тоа како што очите Не­гови гледаат; и ќе ги решава делата, не според тоа како што ушите Негови слушаат. Тој ќе им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалниците во земјата ќе ги решава според вистината; со зборот од устата Своја ќе ја порази земјата, со дишењето на устата Своја ќе го убие нечесниот. Појас на половината Негова ќе биде правдата, а појас на бедрата Негови – вистината. Тогаш волк ќе живее со јагне, лео­пардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води. Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно; лавот ќе јаде слама како волот. Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протега рака кон змиино гнездо. Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господ, како што водите го полнат морето.