И ќе потера фиданка од Јесеевата пењушка, и стебло ќе израсне од нејзиниот корен; ќе почива врз Него Дух Господов, дух на мудрост и разум, дух на совет и крепост, дух на знаење и богобојазливост; ќе се исполни со страв Господов, ќе суди, не според тоа како што очите Негови гледаат; и ќе ги решава делата, не според тоа како што ушите Негови слушаат. Тој ќе им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалниците во земјата ќе ги решава според вистината; со зборот од устата Своја ќе ја порази земјата, со дишењето на устата Своја ќе го убие нечесниот. Појас на половината Негова ќе биде правдата, а појас на бедрата Негови – вистината. Тогаш волк ќе живее со јагне, леопардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води. Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно; лавот ќе јаде слама како волот. Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протега рака кон змиино гнездо. Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господ, како што водите го полнат морето. Во оној ден кон Јесеевиот корен, кој ќе стане како знаме на народите, ќе се обратат незнабошците, живеалиштето негово ќе му биде слава.
Прочитај Исаија 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 11:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа