Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 10

10
1 # Ер 8,8; Пс 94,20-21 Тешко им на оние што соз­даваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2#3,14; 2 Мојс 22,21; 5 Мојс 24,17; Амос 2,7; Изреки 22,22за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги на­прават вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3#Ер 5,31; Ос 9,5.7; Соф 1,18; Јов 31,14А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддале­ку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4#5,25; Ер 15,2Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова ќе остане протегната.
Божјите намери и Асирскиот цар
5 # 14,24-27; 30,31; Ер 51,20-23 О, Асиријо, жезол на Мојот гнев и бич на Моето негодување! 6#47,6; Мих 7,10; Зах 1,15; Пс 18,42Ќе го испратам против нечесен народ и против народот на Мојот гнев, ќе му дадам повелба грабеж да граби и плен да плени и да ги гази како улична кал. 7#Мих 4,12Но тој нема така да расуди, срцето негово нема да помисли вака; нему на срце ќе му биде – да разурне и да истреби многу народи. 8#36,9.18-20Зашто тој ќе рече: „Нели се сите цареви мои кнезови? 9#8,4; 36,19; 37,13; 1 Мојс 10,10; Амос 6,2.14Кално не ли е она што и Кар­кемиш? Хамат не ли е она што и Арпад? Самарија не ли е она што е Дамаск? 10#37,12; Пс 21,8Бидејќи раката моја завладеа со идолските царства, во кои беа идолите повеќе отколку во Ерусалим и Сама­рија, – 11#Ос 4,17; 8,4нема ли истото тоа да го направам со Ерусалим и со неговите кипови, како што направив со Самарија и со нејзините идоли? 12#2,12; 33,1; 37,23; Пс 18,27; Изреки 6,17А кога Господ ќе го изврши сето Свое дело на гората Сион и во Еруса­лим, тогаш ќе го казнам плодот на горделивото срце на царот асирски и дрскоста на високо кренатите му очи.“ 13#37,24-25; 5 Мојс 8,17; 2 Цар 17,6.24Зашто рече: „Со силата на Своите раце и со мудроста на Својот разум го направив тоа, зашто сум умен: ги разместив границите на народите, и нив­ните богатства ги ограбив, 14раката Моја го ограби богатството на народите како гнезда: како што ги земаат оставените во нив јајца, така ја заграбив јас целата земја, и никој со крило не мрдна, ни уста не отвори, ниту писна.“ 15#29,16; 37,26-27; 45,9; Ер 18,2-6; Рим 9,20-21Се крева ли на големо секирата пред оној што сече со неа? Се гордее ли трионот пред оној што го движи? Како стап да се крева против оној што го дига! Како божем прачка се крева против оној, кој не е дрво! 16#1,24; 17,4; 26,11; Мих 6,10Затоа Господ Бог Саваот ќе испра­ти немоќ на неговите здрави луѓе, меѓу првенците на Неговата чест – бесчестие, а врз Неговата слава оган на зло ќе се разгори. 17#5,24; 9,13; 27,4; 33,12; 37,36; Авд 1,18; Зах 12,6Светлината на Израел ќе биде оган, а неговиот Светец – пламен, кој ќе ги изгори и ќе ги изеде трњето негови и боцките негови во еден ден; 18#13,7; Ез 21,2-4; Пс 83,14ќе ја истреби славната шума негова и градината негова, од душа до тело, и тој ќе биде како немоќен, кој умира. 19И другите дрвја од шумата негова ќе бидат толку малубројни, што дури и дете ќе може да им направи попис.
Мал број ќе се врати
20 # 28,5; Ос 5,13; Мих 3,11; 2 Лет 28,16-20 И ете, во тој ден Израеловиот остаток и спасените од домот на Јаков нема веќе да се потпираат на оној, кој ги по­рази, но простосрдечно ќе положат надеж во Господ, Светецот Израелов. 21#4,3; 37,4.32Остатокот ќе се врати, остатокот на Јаков, ќе се врати кон Силниот Бог. 22#48,19; 1 Мојс 22,17; 32,13; Ос 2,1; Рим 5,20-21; 9,27Зашто, иако твојот народ, Изра­еле, е колку морскиот песок, само остатокот негов ќе се обрати; реше­нието за истребување е преисполнето со правда; 23#28,22; Ез 7,2; Соф 1,18; Дан 9,27зашто решеното истребување ќе го изврши Господ Бог Саваот, по целата земја. 24#14,24-27; 30,27-33; 31,4-9; 37,6.22-29; 2 Мојс 5,14-16Поради тоа, вака вели Господ Бог Саваот: „Народе Мој, што живееш на Сион, не плаши се од Ашур кога тој ќе те удира со палка и ќе го крене стапот против тебе, како Египет. 25#31,8-9; Ез 5,13; 6,12; 13,15Уште малку, сосема малку, – и Мо­јот гнев ќе мине, јароста Моја ќе се свр­ти да ги истреби.“ 26#9,3; 30,31-32; 2 Мојс 14,16; Суд 7,25И ќе крене Господ Саваот бич врз него, како кога го порази Мидјан кај карпата Орев, или како кога го протегна стапот врз морето, ќе го крене како врз Египет. 27#14,25Во тој ден ќе биде симнат од твоите рамења товарот негов, и јаремот негов – од твојот врат; јаремот ќе се скрши од дебелина. 28#1 Сам 13,2.5; 14,5; Неем 7,31; 11,31Тој доаѓа во Ајат, го минува Миг­рон, товари во Михмас. 29#Ис.Н. 18,25-28; 1 Сам 1,19; 7,17; 14,2.5.16; 15,34Тие минуваат клисури; во Гева но­ќеваат; Рама се тресе; Гива Сауло­ва се разбега. 30#1 Сам 25,44; Ер 1,1Викај со глас ќерко Галимова; нека те чуе Лаис, Одговори ѝ, Анатоте! 31Мадмена се разбега, жителите на Гевим брзаат да побегнат. 32#1,8; 1 Сам 21,2; Неем 11,32Уште еден ден ќе престојува тој во Нов; со раката своја ја заплашува гората Сион, ерусалимскиот рид. 33Ете, Господ Бог Саваот со страш­на сила ќе ги откине гранките на дрвјата, врвовите ќе им ги пресече, висо­ките – на земја ќе ги собори. 34#9,17; Ер 46,23; Наум 1,4; Зах 11,1-2; Пс 74,5И горскиот честар Тој ќе го исече со секира, – а Ливан ќе падне од Семоќ­ниот.

Селектирано:

Исаија 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност