А тие беа многу свештеници, зашто смртта не им даваше да остане само еден; а Тој, бидејќи живее вечно, има свештенство што нема да мине на друг. Затоа Тој и може за вечно да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив. Таков Првосвештеник и ни требаше: свет, непорочен, неосквернет, одвоен од грешниците и возвишен над небесата. Кој нема потреба, како и другите првосвештеници, секојдневно да принесува жртва прво за гревовите свои, а потоа и за оние на народот, бидејќи Тој го изврши тоа еднаш засекогаш, откако Сам Себе се принесе како жртва. Зашто Законот за првосвештеници поставува луѓе што се немоќни; а словото на клетвата што е по Законот – Синот, Кој е вечно совршен.
Прочитај Евреите 7
Слушни за Евреите 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Евреите 7:23-28
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа