Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 3:13-19

Евреите 3:13-19 MK2006

Туку храбрете се секој ден еден по друг додека сѐ уште се вели: „Денес“, та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот; зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога; додека се вели: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат ср­цата ваши онака како кога се побунив­те.“ А кои беа тие што чуја и пак се по­бунија? Зар не беа тоа сите оние кои со Мојсеј излегоа од Египет? Против кого негодуваше Тој че­ти­риесет години? Нели против оние што погрешија и чии коски останаа во пус­тината? А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој ако не на оние, што беа непослушни? И така, гледаме дека тие не можеа да влезат поради неверието.