Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 2:10-18

Евреите 2:10-18 MK2006

Зашто Му прилегаше на Оној, поради Кого е сѐ и од Кого е сѐ, при донесувањето на многубројните чеда во слава, преку страдања да го усоврши Зачетникот на нивното спасение. Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и за­тоа Исус не се срамува да ги нарече браќа, велејќи: „Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, среде собранието ќе Те славам.“ И пак: „Јас ќе се надевам на Него.“ И одново: „Ете Ме Мене и децата Мои што Ми ги даде Бог.“ А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот; па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство. Зашто јасно е дека Тој не дојде да им помогне на ангелите, туку на Авра­амовите потомци; затоа Тој мораше во сѐ да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите на народот. Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност