Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 2

2
Нашето спасение
1 # Рим 11,22 Затоа треба да бидеме нарочно внима­телни кон она што го чувме за да не отпаднеме некако. 2#10,28-29; 12,25; Дела 7,53; Гал 3,19Зашто, ако реченото слово преку ан­гелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна казна, 3#Лк 1,2; 1 Кор 1,6како ли тогаш ќе се извлечеме ако занемариме такво големо спасение кое, најнапред проповедано од Господ, се потврди од оние што го беа чуле од Него, 4#Мк 16,20; 1 Кор 12,4.11; 2 Кор 12,12кога и Бог им го потврди сведош­тво­то со знаци и чудеса, со разни силни де­ла и со раздавање дарови преку Светиот Дух по Негова волја.
Предводникот на нашето спасение
5Зашто Бог не им ја потчини на анге­лите идната вселена за која зборуваме, 6#Пс 8,5-7туку, напротив – некој посведочил зборувајќи: „Што е човекот да мислиш на него, синот човечки, та да се грижиш за него? 7Си го направил за кратко малку по­долен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце; 8#Мт 22,44; 1 Кор 15,27; Ефес 1,22сѐ си потчинил под нозете негови.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му ос­тави непотчинето; но сега уште не гле­даме дека сѐ му е потчинето. 9#5,4-10; Дела 3,13; 2 Кор 5,14-15; Фил 2,7-9А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен пониско од ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите. 10#2,17; 5,9; 7,28; 12,2; Лк 24,26; Дела 3,15Зашто Му прилегаше на Оној, поради Кого е сѐ и од Кого е сѐ, при донесувањето на многубројните чеда во слава, преку страдања да го усоврши Зачетникот на нивното спасение. 11#10,10; 2 Мојс 31,13; Мт 28,10; Јн 17,19; 20,17; Ефес 5,26Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и за­тоа Исус не се срамува да ги нарече браќа, велејќи: 12#Пс 22,23; Јн 17,6„Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, среде собранието ќе Те славам.“ 13#2 Сам 22,3; Ис 8,17.18; 12,2; Јн 10,29И пак: „Јас ќе се надевам на Него.“ И одново: „Ете Ме Мене и децата Мои што Ми ги даде Бог.“ 14#Јн 1,14; Рим 8,3; 1 Кор 15,50.55; 2 Тим 1,10; 1 Јн 3,8А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот; 15#Рим 8,15; Гал 5,1; 2 Тим 1,7па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство. 16#Ис 41,8-9Зашто јасно е дека Тој не дојде да им помогне на ангелите, туку на Авра­амовите потомци; 17#4,14; 5,2; 3 Мојс 16,10; 1 Сам 2,35; Рим 3,25; Фил 2,7; 1 Јн 2,2; 4,10затоа Тој мораше во сѐ да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите на народот. 18#4,15Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.

Селектирано:

Евреите 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност