Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 1

1
Бог ни се објавува преку Синот
1 # 2,2; 12,25; 3 Мојс 12,6; Ос 12,11; Лк 1,55.70; Јн 9,29 Бог, Кој во старо време, откако мно­гупати и на многу начини им зборуваше на нашите предци преку пророците, 2#2,8; 3,6; 5,8; 7,28; 9,26; 11,3; 5 Мојс 4,30; Ер 23,20; Пс 2,8; Мт 3,17; 11,27; 21,38; 28,18; Јн 1,3; Кол 1,16; 1 Птр 1,20во последниве денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за нас­ледник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите. 3#7,27; 8,1; 9,11-14.26; 10,12; 12,2; Мк 16,19; Јн 1,14; 14,9; 2 Кор 3,18; 4,4; Кол 1,17; Тит 2,14Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Се­вишниот во висините.
Величието на Божјиот Син
4 # 8,6; Ефес 1,21; Фил 2,9-10; 1 Птр 3,22 И стана толку повозвишен од ан­ге­лите, колку што е пославно името што го наследи, во споредба со нивното. 5#5,5; 2 Сам 7,14; Пс 2,7; 1 Цар 17,13; Дела 13,33Зашто кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес“, или пак: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син?“ 6#10,5; 5 Мојс 32,43; Пс 89,27; Пс 97,7; Јн 3,16; Кол 1,18Исто така, кога Го воведе Прво­ро­де­ниот во вселената, рече: „Нека Му се поклонат сите ангели Божји!“ 7#Пс 104,4За ангелите, пак, речено е: „Ти ги правиш ангелите Свои ветрови, а слу­жителите Свои огнен пламен“, 8#Пс 45,7-8а за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен и жезолот на правдата е жезол на царството Твое. 9#Ис 11,5; 61,1.3Тебе Ти омиле правдата, а го намра­зи беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста пове­ќе од Твоите придружници.“ 10#Пс 102,26-28#Јн 1,3И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал Земјата, а и небесата се дело на Твоите раце; 11тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека; 12#12,26.27; 13,8; Откр 6,14ќе ги свиткаш како наметка, како облекло, и тие ќе бидат променети; но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да се свршат.“ 13#Ис.Н. 10,24; Пс 110,1; Мк 13,19А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол: „Седи од Мојата десна страна додека непријателите Твои не ги пос­та­вам за подножје на нозете Твои?“ 14#Пс 34,7; 91,11; 103,20; Дан 7,10; Мт 4,11; Дела 12,11Нели се тие сите служителски ду­хови, испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението?

Селектирано:

Евреите 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност